ЏEJ KEJ РОУЛИНГ ЗАРАБОТУВА ПОВЕЌЕ ОД КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

Лондон, (ЛА Тајмс)

Познатата авторка на книгите за Хари Потер, Џеј Кеј Роулинг, е најплатената позната личност во Европа, според новообјавената листа на магазинот „Форбс“. Сумата што ја заработува за една година изнесува 95 милиони долари.

Британската авторка ја надмина фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, кој претходно беше на прво место со 93 милиони долари годишно. Роулинг е единствената позната личност на тој список што е писателка. Останатиот дел од листата е полн со музичари и атлетичари. Истовремено таа е една од само две жени на списокот, заедно со британската поп пејачка Адел, на четвртото место.

Други писатели на листата по редослед се Џеф Кини, Ден Браун и Стивен Кинг. Освојувањето на првото место најверојатно е благодарение на успехот на претставата „Хари Потер и проколнатото дете“, која што имаше премиера во Лондон во 2016 година и е закажана за настап на Бродвеј следната година. Роулинг е исто така копродуцент на хит филмот „Фантастични ѕверови и каде да ги најдеш“, базиран на нејзината книга со истото име од 2001 година.