Сè уште неименуваниот филм за Формула 1 на Бред Пит ќе биде глобално објавен на 25 јуни следната година, со американска премиера два дена подоцна. Филмот се снима во соработка на тимови и возачи и е во режија на Џозеф Косински, чиј филм „Топ ган: Маверик“ заработи 1,49 милијарди долари ширум светот. Продуцент е Џери Брукхајмер.
Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон е копродуцент, а снимањето започна минатата година и продолжи за време на избраните гран-при викенди оваа сезона.
Пит (60) глуми поранешен возач кој се враќа во Формула 1, додека британскиот актер Демсон Идрис е негов млад тимски колега. Во актерската екипа се добитникот на Оскар, Хавиер Бардем и Кери Кондон.
Формула 1 соопшти дека продукцијата на филмот ќе заврши на крајот на сезоната, на трката за Големата награда на Абу Даби во декември.
(Фото: Гети)