Вечерва во 20 часот во Кинотеката на Северна Македонија ќе почне 13. издание на Недела на јапонски филм.
Селекцијата на четирите играни и анимирани филмови од сите жанрови е за сите возрасти. Настанот ќе го отвори јапонската амбасадорка Кеико Ханеда.
Вечерва ќе се прикаже филмот „Гласот на учителот“, утре „Ошин“, в четврток „Рудолф црниот мачор“, а в петок „Самурај мачка“.
Ревијата од 5 ноември ќе продолжи во Центарот за култура во Битола. Влезот е слободен, но местата се ограничени. Резервации можат да се направат на билетарите од понеделник до петок на 02 3065 968.