Режисерот Дени Бојл ќе се обедини со Даниел Крег за 25. филм за Џејмс Бонд, кој ќе излезе на 25 октомври 2019 година.
Долго време се шпекулираше дека токму британскиот филмаџија е најголемиот фаворит да го режира следниот филм од славната акционо-шпионска франшиза. Бојл претходно потврди дека за сценариото повторно соработува со Џон Хоџ, двојка заслужна за двата дела на „Треинспотинг“ и за „Плажа“ со Леонардо ДиКаприо.
Од друга страна, Бојл и Крег работеа на краток филм со Џејмс Бонд за потребите на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.
Снимањето ќе започне на 2 декември во студијата на „Пајнвуд“ во Велика Британија.
Продуцентите Мајкл Џ. Вилсон и Барбара Броколи го опишаа Бојл како „исклучително талентиран”, додавајќи дека се „воодушевени што го имаат во екипата“.