Џони Деп ќе добие награда за животно дело на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, Шпанија.
Педесет и осумгодишната холивудска ѕвезда ќе ја прими наградата Доностија, највисокото признание на фестивалот, кој ќе се одржи следниот месец. Според организаторите, „Деп е еден од најталентираните актери во современиот филм со широка плејада на најразовидни улоги, од писател до одметник“.
Група на водечки шпански филмски работнички ја осуди одлуката на фестивалот, бидејќи наградува актер кој е обвинет за семејно насилство, за што Деп води судски спорови со бившата сопруга Амбер Хрд.
Меѓу актерите кои го добиле ова признание се Ијан Мекелен, Глен Клоуз и Џулија Робертс.