Обожавателите на „Војна на ѕвездите“ почнаа да кампуваат пред славниот Кинески театар во Холивуд, каде што за една недела ќе почне да игра новиот филм од франшизата.
Тие уште од вчера поставија вреќи за спиење, седум дена пред првата проекција на „Подемот на Скајвокер“. Станува збор за истата киносала во која во 1977 година беше прикажан првиот филм „Војна на ѕвездите“.
Организаторите очекуваат во наредните денови да се соберат околу 150 луѓе од сите возрасти, дури и од странски земји како Велика Британија и Јапонија.
„Кога доаѓа ‘Војна на ѕвездите’, сѐ оставате настрана. Тоа е како да сте добиле дете“, вели страстниот обожавател Шинг Хвон.
„Среќен сум што можам да работам додека чекам во редица“, додаде адвокатот Николас Џонсон, кој си го понел и лаптопот.
Во скопското кино Синеплекс филмот ќе игра од 19 декември, паралелно со светската премиера.