Со проекцијата на црно-белиот филм од 1928 година, „Циркусот“, вечерва во 21 часот, Кинотеката започнува со прикажување филмови на Чарли Чаплин во летното кино под отворено небо. По него ќе се прикаже „Ходочасник“ од 1923.
„Со десет наслови во овој исклучителен циклус, кој го опфаќа творештвото на Чаплин од неговите почетоци, па сè до последните дела, Кинотеката ви овозможува увид во најдоброто од златната ера на немиот филм, но и начинот на кој тој се справува со предизвикот на звучниот филм. Чарли Чаплин не само што е класик во светската кинематографија, туку со него и започнува тој период што ние денес го нарекуваме класика“, најавуваат од Кинотеката.
Влезницата чини 100 денари., а циклусот ќе трае до 27 јули.