Филмскиот фестивал Лумиер во Лион, Франција, почна со гала свеченост за одбележување на десетгодишнината од основањето.
Директорот на институтот „Лумиер“ Тјери Фремо ги пречека многубројните француски и светски филмски ѕвезди, меѓу кои Хавиер Бардем, Моника Белучи, Жан Дижарден, Гилјермо дел Торо и Асгар Фархади.

Најголемиот аплауз и стоечки овации доби Жан-Пол Белмондо, по проекцијата на реставрираната верзија на комедија на Клод Лелуш од 1988 година.
„За нашата десетгодишнина сакавме да прикажеме француски филм. Лелуш беше тука првата година, а тука е и вечерва, затоа што е еден од најголемите филмаџии во Франција и светот“, изјави Фремо, кој е и директор на Канскиот филмски фестивал.
Годинава, добитничка на наградата за животно дело е холивудската легенда Џејн Фонда.