Ѕвезди и кралски личности ќе поминат на црвениот килим на вечерашната долгооочекувана премиера на новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“. Петтото и последно појавување на Даниел Крег како тајниот агент 007 има светска премиера во Лондон, по што ќе почне кинодистрибуцијата. Во Скопје ќе игра од 7 октомври, а во САД од следниот ден.
Премиерата доаѓа 18 месеци по првично најавениот термин и трипати беше поместувана поради пандемијата.
„Чувствувам огромно олеснување што стигнавме дотука. Лани, поради очигледните причини, мислев дека никогаш нема да излезе“, вели Крег.
Премиерата ќе се одржи во „Ројал Алберт хол“, каде што се очекува да дојдат и принцовите Чарлс и Вилијам со сопругите Камила и Кејт.