Премиерата на филмот „Топ ган: Маверик“ повторно е одложена, пренесуваат холивудските медиуми. Премиерата првично беше закажана за јуни, па за декември 2020, па преместена за 2 јули 2021, и сега најнов датум е 19 ноември 2021.
По три децении, сега 58-годишниот Круз се враќа во улогата на пилотот Маверик во „Топ ган: Маверик“, во кој ќе се соочи со дронови и со петта генерација борбени авиони. Тој го опиша филмот како „љубовно писмо за авијација“.
Вал Килмер повторно го игра Ајсмен, а нови имиња се Мајлс Телер, Џенифер Коноли, Џон Хем и Џеј Елис.
Овој проект првпат беше најавен во 2010 година, а го режира Џозеф Козински.
Оригиналниот „Топ ган“, режиран од Тони Скот, е еден од синонимите на 1980-ите и заработи 350 милиони долари на светско ниво.