НОВИТЕ ФИЛМОВИ НА МЕТ ДЕЈМОН И МАРК ВАЛБЕРГ ВО „СИНЕПЛЕКС“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Научно-фантастичната авантура „Малиот голем живот“, трилерот „Сите пари на светот“ и анимираниот филм „Џуџињата го возвраќаат ударот“ од денеска играат во киното „Синеплекс“.

Мет Дејмон ја игра главната улога во новиот филм на режисерот Александер Пејн„ Малиот голем живот“ , во кој норвешки научници, поради пренаселеност, откриваат како да се намалат луѓето на висина од 13 сантиметри. Луѓето набрзо сфаќаат дека во минијатурниот свет нивните пари вредат многу повеќе.

Мет Дејмон ја игра главната улога во „Малиот голем живот“, во кој норвешки научници, поради пренаселеност, откриваат како да се намалат луѓето на висина од 13 сантиметри

„Со ветувањата за подобар живот, Пол (Мет Дејмон) и неговата сопруга Одри (Кристен Виг) одлучуваат да ги напуштат своите стресни животи и да се приклучат на новата смалена заедница. Тие преземаат чекор кој ќе ги однесе низ авантура која темелно ќе им ги промени животите“, најавуват од киното.

Главните улоги во филмот на режисерот Ридли Скот, „Сите пари на светот“, ги играат Марк Валберг, Мишел Вилијамс и Кристофер Пламер, кој доби номинација за Оскар за најдобра споредна улога.

Дејството се случува во Рим во 1973 година. Маскирани мажи киднапираат тинејџер по име Џон Пол Гети, чиј дедо Жан Пол (Пламер) е најбогатиот човек во светот и нафтен магнат. Иако милијардер, тој одбива да го плати откупот.

Филмот е работен според романот на Џон Пирсон од 1995 година.