„ПОЛСКИ ВИКЕНД“ – ПРЕТФЕСТИВАЛСКИ НАСТАН НА „МАКЕДОКС“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска од 17 до 23 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) ќе се одржи настанот „Полски пикник“, како најава за деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Фестивалот ќе се одржува од 16 до 23 август во Куршумли ан, на платото пред Музејот на Македонија и во МСУ, а организаторот најавува дека програмата „Земја во фокус“ ќе биде посветена на полската документаристика.

Денеска ќе бидат прикажани десет кратки документарци, кои од 1961 до 2000 година биле наградени на Филмскиот фестивал во Краков, Полска, фестивал кој набргу ќе ја одбележи својата 60-годишнина. Меѓу филмовите се: „Музичари“ на Казимјеж Карабаш, „На пруга“ на Бохдан Косињски, „Основно училиште“ на Томаш Зигадло, „Коса“ во режија на Марек Пивовски, „Болница“ и „Седум жени на различна возраст“ на Кшиштоф Кишловски, „Буквар“ на Војцех Вишњевски и „Сестри“ на Павел Лозињски.

Денешниот настан се организира во соработка со Филмската фондација Краков и амбасадата на Полска во Македониј, а влезот е слободен.