„Преекспонирано“, дебитантскиот игран филм на Елеонора Венинова, ќе се натпреварува во главната селекција на КинЕст фест во Катанија, Италија. Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на источна и централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај.
„Преекспонирано“ ќе се прикаже на 7 и 8 мај, а Венинова ќе одржи и работилница.
Светската премиера на „Преекспонирано“ се случи на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември минатата година. Азиската премиера беше на фестивалот во Пуне (Индија), а наскоро се очекува и домашната премиера.
Улогите ги толкуваат Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска и Марјан Наумов.