ОДЛОЖЕНИ ПРЕМИЕРИТЕ НА ДВАТА НОВИ ФИЛМА НА ТОМ КРУЗ

Лондон, (Би-Би-Си)

Одложени се премиерите на двата долгоочекувани филма со Том Круз, „Топ ган: Маверик“ и „Невозможна мисија 7“, поради силниот бран на делта сојот во САД.

Филмските студија се загрижени дека овој попренослив сој на коронавирусот ќе ја одврати публиката од одење во киносалите.

„Парамаунт“ ја помести премиерата на продолжението на „Топ ган“ од 1986 година за шест месеци, односно за мај 2022, додека седмиот дел на „Невозможна мисија“ место во мај 2022, ќе излезе во септември следната година. „Топ ган: Маверик“ оригинално требаше да излезе уште лани.