РУСКИ ФИЛМОВИ ОД РАЗНИ ПЕРИОДИ ОД ДЕНЕСКА ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска до 2 октомври, во Кинотеката ќе се одржуваат Денови на рускиот филм во соработка со „Ленфилм“ од Москва. Тие се отвораат со „Развод по сопствена желба“ на сценаристот и режисер Илија Северов.

Гостин на Деновите е Александар Поздњаков, автор на документарниот филм „Звуците од старите ѕидови“, со кој ќе биде затворена манифестацијата. Поздњаков е режисер, сценарист и историчар на филмот, кој работи во „Ленфилм“ од 1983 и е претседател на Асоцијацијата на филмски критичари на Санкт Петербург.

„’Ленфилм’ е најстарата продукциска компанија во Русија и насловите се избрани од периодот од 1960-ите години до поновата продукција. Во петте вечери ќе има проекции на девет филмови од автори различни по нивната естетика, како и филмови од различни периоди на постоењето на ова филмско студио“, велат од Кинотеката.