СИНЕДЕЈС СЕ ЗАТВОРА СО ФИЛМОТ ШТО ЛЕТИЦИЈА КАСТА ГО СНИМАШЕ ВО БИТОЛСКО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Зад хоризонтот“, француско-швајцарски филм што се снимаше во Битолско, премиерно ќе се прикаже вечерва во кино Милениум (20 часот), на затворањето на 18. издание на фестивалот на европски филм Синедејс.

Во главна улога е францускиот супермодел Летиција Каста, а дејството се случува во 1976 година, додека Европа се соочува со една од најголемите жештини и суши во својата историја. Филмот се снимаше во текот на јули и август 2018 во неколку битолски села, како и во Белгија.

Каста (41) беше еден од „ангелите“ на „Викторијас сикрет“ од 1998 до 2000 година, а во тоа време ја почна и актерската кариера.