Стивен Спилберг го заврши снимањето на новиот филм „Приказна од западната страна“ и тоа го прослави со објавување на ексклузивни фотографии од сетот.
Студиото „20 сенчури фокс“ објави неколку фотографии и на една е Спилберг со четирите ѕвезди на филмот, Енсел Елгорт, Рејчел Зеглер, Аријана Дебосе и Давид Алварез, кои ги играат Тони, Марија, Анита и Бернардо. На друга фотографија е со легендарната Рита Морено, која сега ја игра Валентина, а во мјузиклот од 1961 беше Анита, за што освои и Оскар.
„Ова беше весело патување, кое брзо се развиваше и течеше, бескрајно изненадувајќи ја екипата со приказната и со музиката на еден од најдобрите светски мјузикли. Мојата брилијантна, талентирана, посветена, дарежлива и неуморна екипа му даде на филмот сѐ што има“, напиша Спилберг на Твитер.
Нарекувајќи се себеси бескрајно благодарен режисер, тој додаде дека филмот ќе излезе на 18 декемрви 2020.