Филмот со Бред Пит за Формула 1 ќе биде најавтентичниот тркачки филм на сите времиња, изјави седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон.
Премиерата на филмот „Ф1“, во режија на Џозеф Косински е на 27 јуни.Филмот се снимаше во соработка со Ф1 тимови и возачи. Хамилтон е копродуцент. Пит (60) глуми поранешен возач кој се враќа во Формула 1.
„Импресивно беше да се гледа Бред како вози со брзина од 290 километри на час, бидејќи тоа не е нешто што можете да го научите само преку ноќ. Посветеноста и фокусот што Бред ги стави во овој процес беа неверојатни“, изјави Хамилтон.
„Кога ќе го видите Бред како вози, тоа не е глума. Тој навистина се концентрира на тоа да го држи тој болид на патеката, на сите тие сцени, така што тоа е нешто што едноставно не можете да го лажирате“, рече Косински.