„ВРБА“ ОД ДЕНЕСКА ДО 11 ЈАНУАРИ ВО КИНОТЕКА, ВЛЕЗОТ Е 100 ДЕНАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски од денеска игра во Кинотеката. Од продукцијата велат дека филмот до пред неколку дена играше во скопските кина Милениум и Синеплекс, а во кино се враќа поради голем интерес на публиката. Вечерашната проекција е од 20 часот.

По две проекции на ден, од 18 и од 20 часот, ќе има на 28 и 30 декември, како и на 3, 4, 6, 8, 9, 10 и 11 јануари. Влезот чини 100 денари.

„Врба“ светска премиера имаше на Римскиот филмски фестивал на 19 октомври. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија, а играат Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и Камка Тоциновски, покрај Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други.