Родителите се едни од најважните луѓе во оформувањето на карактерот на децата, а нивното однесување ќе влијае на однесувањето на нивните деца во иднина. Американските психолози велат дека има три вида на родителски стилови: авторитативни, попустливи и неангажирани. Секој од нив има различен ефект врз децата и нивниот долгорочен развој.
Авторитативните родители поставуваат јасни граници и им даваат приоритет на строгите правила за да воспостават чувство на контрола. Тие се често многу строги во својот пристап и очекуваат децата да слушаат сè што ќе им се каже. Родителите кои ги воспитуваат децата во авторитативен стил, често користат одредени методи на казнување за кршење на границите или правилата.
Децата на авторитативните родители се емотивно постабилни, поотпорни и независни, додека некои студии покажуваат дека адолесцентите може да имаат поголеми шанси да развијат анксиозност и депресија поради стравот од казна.
Родителите кои се многу внимателни и топли и не поставуваат многу правила и граници се сметаат за попустливи. Таквите родители повеќе се фокусираат на градење пријателски однос со своите деца отколку на строго родителство. Се верува дека децата на попустливите родители често се покреативни поради нивната независна природа, но постои и шанса да бидат помалку благодарни во односот со луѓето отколку децата на авторитативните родители.
Стилот на воспитување на невклучените или неангажираните родители е поврзан со ограничена родителска улога. Овие родители избегнуваат премногу време да разговараат со своите деца или да поставуваат граници. Исто така, тие не сакаат да бидат премногу вклучени во секојдневните настани од животот на нивните деца. Децата на таквите родители често се чувствуваат запоставени и погрешно разбрани.
Децата на неангажираните родители, поради начинот на кој биле воспитани, може да имаат помалку развиени емоционални и социјални вештини, и да имаат проблеми со приврзаноста со другите. Исто така, се верува дека децата кои пораснале со неинволвирани родители многу потешко им веруваат на другите околу нив.
Фото: Фрипик