Јужнокорејскиот театар „Идиоти“ од Сеул вечерва (2 октомври) од 20 часот ќе ја изведе претставата „Мир“ од Аристофан во рамките на натпреварувачката селекција на Фестивалот на античка драма Стоби во Велес.
Режијата е на Ли Сангмунг. Претставата е добитник на најзначајните награди на Националниот театарски фестивал на Јужна Кореја.
„Ќе видиме една цивилизација, културолошка средина, на која старогрчката комедија ѝ е географски многу далеку. Претставата носи современо читање на комичните аспекти на Аристофан, исмевајќи го концептот за мир и создаваајќи драмска и комична структура, дали мирот е возможен и дали како цивилизација можеме да опстанеме. Во претставата има сценски движења, кореографски решенија, игра со светлото, многу поп музика и песни кои ни се познати“, кажа Сашо Димоски, селектор на фестивалската програма.
П. ПЕЧКОВ