ЉУБОВТА ИМ ПРИПАЃА НА СИТЕ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПРВАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
epa07682180 Participants during the 'Skopje pride', the first gay parade in Skopje, Republic of North Macedonia, 29 June 2019. Representatives of LGBT (Lesbian, Gay, Bisexual and Transgender) organisations and their supporters are taking part in the event. The Pride parade also commemorates the 50th anniversary of the Stonewall Riots in New York City, USA, when a police raid at the Stonewall Inn in Greenwich Village sparked riots leading to the gay liberation movement. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Со пораки „Љубовта е љубов“, „Љубовта им припаѓа на сите“, „Не треба да судиш кој кого љуби“ и „Никој не е слободен додека сите не сме слободни“, денес во Скопје се одржа првата Парада на гордоста.

Фото: ЕПА

Во весела атмосфера, под силно полициско обезбедување, стотици граѓани и активисти и припадници на ЛГБТ заедницата од дома и од странство, како и странски амбасадори во земјава маршираа од паркот Жена Борец до Школка во Градскиот парк.

Фото: ЕПА

Годинашната македонска претставничка на Песна на Евровизија Тамара Тодевска, облечена во фустан со боите на виножитото – симболот на ЛГБТ заедницата, ја отпеа песната „Горда“ (Proud). Каја Мор, трансродово лице од Чикаго, родум од Струга ги поздрави учесниците на парадата на гордоста во фустан и елементи од познатата струшка народна носија.

Фото: ЕПА

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска кажа дека владата со измена на законите овие две години што ја засега ЛГБТ заедницата, но и со намерата тие да се применат, сака овие маргинализирани групи да ги направи видливи и да не ги изгуби како потенцијал за државата.

Фото: ЕПА

С. К. ДЕЛЕВСКА

Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната Парада на гордоста (Фото: СМАРТ.СДК.МК)