„МОЈОТ МАЖ“ ОД РУМЕНА БУЖАРОВСКА ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРНО СЕ ИГРА ВО ЈУГОСЛОВЕНСКО ДРАМСКО ПОЗОРИШТЕ

Белград, (Н1)

Претставата „Мојот маж“, работена според истоимената збирка раскази на македонската писателка, професорка и преведувачка Румена Бужаровска, вечерва премиерно се игра во култното Југословенско драмско позориште (ЈДП) во Белград, во режија на Јована Томиќ.

Играат Сања Марковиќ и Јована Беловиќ, а драматург е Димитрије Коканов.

„Мојот маж“ е едно од најчитаните дела во земјава, лани имаше премиера во Драмски театар во Скопје во режија на Нела Витошевиќ, а во октомври беше поставено и во Словенско народно гледалишче во Љубљана.

Бужаровска е трет македонски автор кој се поставува во ЈДП, по Русомир Богдановски со адаптацијата на „Ајнштајновите соништа“ и Дејан Дуковски со „Маме му ебам кој прв почна“.