На 30 март од 13 часот, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи балетскиот концерт „Бранови во вечноста“ посветен на маестро Кире Костов, познатиот композитор и диригент.
На концертот ќе играат студентите од Катедрата за балетска педагогија на Факултетот за музичка уметност и учениците од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.
„Концертот е танцова визија на извонредната музика на нашиот драг професор Кире Костов“, велат од ФМУ.
Кире Костов почина на 27 јули 2023 на 72 години.