„БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА“ СО НОВИ ПОСТАВА, МИНИАЛБУМ И СПОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Бернајс пропаганда“ во нов, проширен состав издаде нов миниалбум, чија слушачка промоција ќе се одржи денеска на пладне во „Ап(о)тека“ во Младински културен центар во Скопје.

На дружбата со публиката и со медиумите ќе се слуша албумот со три песни насловен „Ништо нема да нè раздели“, на кој, покрај стандардните членови Кристина Горовска, Васко Атанасоски и Миле Крстев, дебитираат Раде Јордановски и Кристијан Лафазановски. Презентер на промоцијата ќе биде Тошо Филиповски.

Албумот „Ништо нема да нè раздели“ излезе на 12 декември, а беше снимен во „Студио 1060“. Како гости на албумот се појавуваат Тони Китановски и култниот американски музичар Мајк Вот. За песната „Мојата Марија“ е снимен и спот, во режија на Милан Блажевски.

Ова издание е најава на новиот албум на групата, „Втора младост, трета светска војна!!!“.