Седмиот традиционален концерт посветен на Тоше Проески „Засекогаш во срцата“ во Битола ќе се одржи на 22 март во Центарот за култура од 19 часот, најави Камерниот оркестар на Битола, кој го организира настанот заедно со Центарот за култура. Оркестарот ќе ги свири најголемоите хитови на Тоше заедно со гости солисти, кои допрва ќе се објават.
„Тоше Проески остави неизбришлива трага во срцата на многумина низ Балканот и пошироко. Неговата способност да допре до душите на луѓето преку својот глас и емотивни текстови останува незаборавна“, велат од Битолскиот камерен оркестар.
Цената на влезниците е 450 денари, а се продаваат онлајн на 3dkinobitola.com и на билетарницата во Центарот за културa.
Лани во истата сала се одржаа два концерта посветени на Тоше, Кире Костов, и Драган Каранфиловски- Бојс (фото). Настапија Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерниот оркестар.
Ж. ЗДРАВКОВСКА