Легендарниот англиски њу вејв бенд „Дјуран Дјуран“ вчера беше примен во Рокенрол халата на славните, но притоа беше забележливо отсуството на еден од неговите основачи Енди Тејлор, за кого првпат се дозна дека се бори со рак. Откако отсвиреа компилација на свои хитови, Сајмон ЛеБон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор открија зошто нивниот бивш гитарист не им се придружи на сцената.
„Пред четири години, на Енди му беше дијагностициран рак на простата. Тој се надеваше дека ќе ни се придружи на сцената за првпат по 17 години, но здравјето не му дозволи да патува на Ибица“, кажаа тие.
Тејлор ја напушти групата на врвот на славата во 1986 година, се врати во 2001 и свиреше на албумот „Астронаут“ од 2004, пред повторно да замине две години подоцна.
(Фото: АП)