ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ НА СОКОМ И КОНЦЕРТ НА „АЈДА“ ВЕЧЕРВА ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Вечерва од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе се одржат свечено доделување на наградите на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) и концерт на гудачкиот оркестар „Ајда“ во рамките на втората сезона од фестивалот Денови на македонска музика.

Наградата „Трајко Прокопиев“, највисокото признание кое СОКОМ го доделува на музички творци и музички писатели, ќе ја прими композиторот Љупчо Константинов. Наградата „Георги Божиков“ за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година ќе ја добие камерното дуо Владимир Костов (виолина)-Марија Вршкова (пијано).

Новоформираниот гудачки оркестар „Ајда“, под диригентство на Ана Спасовска, ќе изведе дела од Љубомир Бранѓолица, Љупчо Константинов, Александар Пејовски, Стојан Стојков и Тодор Скаловски. Како солисти ќе настапат Маја Чаначевиќ (англиски рог), Горан Јанев (хорна) и Владимир Костов (виолина).

Влезот е слободен.