ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ДИЏЕЈОТ АВИЧИ НА НЕТФЛИКС, ПОВЕЌЕ ОД ШЕСТ ГОДИНИ ОТКАКО СЕ САМОУБИ

САД, (Си-Ен-Ен)

Повеќе од шест години по неговата смрт на 28 години, животот на номинираниот за Греми диџеј и продуцент Авичи се раскажува во нов документарен филм.

„Avicii- I Am Tim“ сега се емитува на Нетфликс. Авичи, кој е роден како Тим Берглинг, го раскажува филмот преку архивски снимки. Режисерот на филмот, Хенрик Бурман, за „Билборд“ раскажа зошто ја раскажал приказната за Берглинг.

„Кога решив дека ќе се раскаже оваа приказна, помислив дека можеби така можам да бидам близок со него“, рече Бурман. Авичи кој е роден во Стокхолм се самоуби на одмор во Мускат, Оман на 20 април во 2018. Филмот ги истражува неговите борби со менталното здравје и злоупотребата на супстанции, вклучувајќи го и времето кога барал лекување.

„Тие денови во болница беа деновите со најмногу анксиозност и стрес на кои можам да се сетам во изминатите шест години“, напиша тој во својот дневник. Постхумниот албум на Авичи, „Тим“ беше објавен во 2019 година.

 

Фото: Гети