ЕЈ-СИ/ДИ-СИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ СО АКСЛ РОУЗ, ВЕЛИ БИОГРАФОТ НА ГРУПАТА

Лондон, (Тимрок)

И покрај смртта на еден од основачите на групата Малколм Јанг и здравствените проблеми на пејачот Брајан Џонсон, хард рок легендите Еј-Си/Ди-Си ќе продолжат да снимаат албуми и да настапуваат во живо со Аксл Роуз, тврди нивниот биограф Мареј Енглхарт.

Аксл Роуз беше позајмен од „Ганс енд роузис“ како спектакуларна замена за долгогодишниот фронтмен Џонсон, кој беше принуден да излезе од групата во март 2016 година поради опасност од целосно губење на слухот.

Колку и да се чинеше чудна оваа комбинација, Роуз тргна на турнеја со Еј-Си/Ди-Си и реакциите на публиката беа одлични, па Енглхарт е убеден дека соработката ќе продолжи.

„Шпекулирајте колку сакате, но сум кажал порано и ќе кажам повторно: Еј-Си/Ди-Си ќе продолжат со Аксл Роуз како вокал. Очекувајте нов албум и нова турнеја со него“, вели Енглхарт и додаде:

„Она што се чинеше како големо коцкање од Ангус Јанг, излезе подеднакво огромен триумф, што ја постави основата за иднината“.

Откако ги напушти Еј-Си/Ди-Си, Џонсон двапати се појави на сцена како гостин на други музичари.