Брендот на темниот зачинет рум „Кракен“ отвори хотел за Денот на вљубените со мотиви од филмскиот серијал „Пирати од Карибите“.

„Кракен“ го отвори хотелот во едно од најмрачните места во Велика Британија, во село во Нортхемптоншир, нудејќи им на гостите „да легнат со ѕверот“.

Двојките можат да пробаат од коктелите на брендот „Кракен“, специјално подготвени во барот на хотелот

Гостите можат да очекуваат мени од „пламени каснувања од лигњи“ и голем избор на оригинални коктели од брендот „Кракен“, кои носат имиња како „Перфектна бура“ и „Кое било пристанише во бура“.

„На едно од најмрачните места во Британија, ‘Кракен‘ го отвори првиот љубовен хотел, уникатно место со полноќен црн декор за бестрашни двојки, кои бараат целосно романтично искуство“, се вели во описот на настанот.

Во рекламата за новиот хотел се вели „гостите да не прават грешка дека под целата темнина нема да добијат целосно катастрофално божествен ВИП третман“.

Цената за едно ноќевање со вклучени вечера и „Кракен“ коктели е 50 фунти. Љубовниот хотел ќе прима гости цела недела до Денот на вљубените, односно од 7 до 14 февруари.