ФИЛХАРМОНИЈАТА ЈА ПОЧНА НОВАТА СЕЗОНА СО ДОЗВОЛА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Со концертот симболично насловен „Нов почеток“, синоќа почна со работа новата сала на Македонската филхармонија. Салата вчера претпладне ја доби дозволата за технички прием, и со тоа синоќа официјално почна новата сезона, а концертот беше распродаден.

Со оркестарот диригираше Борјан Цанев , а пијанистот Дино Имери го свиреше еден од најпопуларните концерти за клавир и оркестар од Чајковски, бр 1 (Фото: М. Златевска)

Со оркестарот диригираше Борјан Цанев , а пијанистот Дино Имери го свиреше еден од најпопуларните концерти за клавир и оркестар од Чајковски, бр 1.

Испратен со бурен аплауз, Имери отсвири и два биса.

Поетот Дарко Лешоски (Фото: М. Златевска)

Во вториот дел оркестарот ги свиреше „Римски фонтани“ од Респиги и „Ѓаволштините на Тил Ојленшпигел оп.28“ од Рихард Штраус.

Објектот на  Филхармонијата, без технички прием на 21 мај го отвори претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов и тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со премиерот Емил Димитриев, министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска и тогашната директорка Маја Чанаќевиќ.

Ексдиректорката на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ (Фото: М. Златевска)

В.д директорот на Филхармонијата Виктор Илиески вчера рече декатоа отворање повеќе наликуваше на парада за сликање, а објектот не беше завршен, и затоа тој како директор ја превезема одговорноста за доцнењето на новата концертна сезона која требаше да почне порано.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски со семејството (Фото: М. Златевска)

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски рече дека долгот од 15 милиони евра на Министерството за култура кон австриската фирма „Штрабаг“ која ја градеше зградата ќе се плаќа етапно.

Идејното решение на новата зграда е на архитектот Виктор Михајлов, а ентериерот е на српскиот архитект Зоран Ѓорѓевиќ. Има голема сала од 960 седишта плус седиштата на двата балкони, а малата сала има 312 седишта.