„Нинг Фенг се враќа“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија во 20 часот, со кинескиот виртуоз на виолина. Нинг Фенг ќе го изведе во Скопје виртуозното дело „Шпанска симфонија“ од Едуард Лало.
„Еден од водечките кинески виолинисти денес, Нинг Фенг, постојано настапува во својата земја со видни оркестри и е еден од најбараните музичари и во Европа. Моментално живее во Берлин и ужива светска кариера. Критиката го оценува како уметник со прекрасен лиризам и со емотивна транспарентност, како музичар со инспиративни технички остварувања“, велат од Филхармонија.
Ќе диригира Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата е и Првата симфонија од Јоханес Брамс, насловена „Патетична“, една од најкомплексните симфонии во класичната музичка литература.