Горан Бреговиќ со својот „Оркестар за свадби и погреби“ ќе одржи јубилеен и роденденски концерт во Скопје, на 23 март во салата „Јане Сандански“. Јубилејот е 50 години од основањето на култната сараевска група „Бијело дугме“, чиј лидер беше тој, а концертот ќе се одржи ден пред неговиот 74. роденден.
Бреговиќ го основа „Бијело дугме“ во Сараево во 1974, заедно со тогашниот вокал Жељко Бебек, тапанарот Ипе Ивандиќ и клавијатуристот Владо Правдиќ, кој почина неодамна. Првиот албум „Кад би био бијело дугме“ им донесе голема популарност поради мешањето на хард рок музиката со балканскиот фолк.
Бреговиќ денес живее во Париз и е еден од најпознатите светски музичари. Има настапувано во најпрестижните сали како „Ројал Алберт хол“ и „Карнеги Хол“, а пишува и филмска музика.