ИМЕРИ ГО СВИРИ БЕТОВЕН НА ВЕЧЕРАШНИОТ КОНЦЕРТ ВО ФИЛХАРМОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„И тело и душа“ е насловен денешниот концерт на Филхармонијата (20 часот), на кој како солист ќе настапи пијанистот Дино Имери. Со оркестарот ќе диригира Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата се дела од Бетовен: Концерт за пијано и оркестар бр. 5 во С-дур и Симфонија бр. 7 во А-дур, оп. 92.

„Концертот на Бетовен е еден од најсовршените и најчесто изведувани дела на светската музичка сцена. Создаден е меѓу 1809 и 1811 година во Виена и претставува совршен премин од класицизам во романтизам“, велат од Филхармонијата.

Триесетгодишниот Имери важи за еден од најреномираните пијанисти од новата генерација македонски класични музичари. Своето образование го стекна работејќи со професорите Људмила Романова, Борис Романов (во чија класа и дипломираше на ФМУ во Скопје со Кум Лауде) и Симон Трпчески, во чија класа магистрираше на само 22-годишна возраст со просек 10 и со почести Кум Лауде.