КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА ОПЕРАТА ЌЕ ИЗВЕДЕ ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ НА КОНЦЕРТ ВО ВИЕНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Камерниот оркестар на Националната опера и балет вечерва (8 октомври) ќе одржи концерт во салата „Ербар“ во Виена. Со оркестарот ќе диригира италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги.

Ќе се изведат дела од македонските композитори Ристо Аврамовски, Благој Цанев, Драган Шуплевски и Дамир Имери. Гостинка ќе биде пијанистката Горјана Стојановска (фото).