Кит Ричардс ретко го чува за себе она што го мисли за другите и не е големо изненадување да се чуе дека не е фан на Тејлор Свифт. Гитаристот на „Ролинг стоунс“ смета дека нејзиниот успех нема да трае премногу долго во музичката индустрија.

„Со среќа девојко, ѝ посакувам сѐ најдобро додека трае“, кажа Ричардс за поп-ѕвездата Тејлор Свифт.

„Тука сум премногу долго за да собирам коски од децата. Секогаш сум бил критички настроено копиле, во секој случај. И никогаш навистина не ми се допаѓала поп-музиката. Дури кога и јас станав поп-музичар, слушав блуз и џез и не ме интересираа хитовите“.

Кит, исто така, не се воздржа да каже што мисли за неговиот пријател од бендот Мик Џегер, кој го доби осмото дете на 74-годишна возраст, а потоа на Твитер објави извинување, откако сугерираше дека тој треба да направи вазектомија.

„Длабоко жалам за коментарите кои ги дадов за Мик во ‘Волт стрит џурнал’, кои беа целосно несоодветни. Секако му се извинив и лично“, твитна Ричардс.