Вечерва во 21 часот во салата Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе има концертна промоција на „Мирно лето“ од скопскиот артист Александар Велики, познат и како бас гитарист во ПМГ Колектив.
Негов претходен албум е „Наследникот на Првиот Македонец во вселената (Балкан Велики 2018)“.
„Мирно лето“ е составен од осум нови поп-песни за живот и смрт, снимени и продуцирани од триото Гавровски/Евтимов/Попов, во последниве пар години поставата на ПМГ Колектив. Овие тројца ќе бидат и музичарите што ќе го отсвират промотивниот концерт за албумот „Мирно лето“, кој за издавачката куќа „ПМГ Рекордингс“ излезе на 19 октомври.
Концертот ќе биде пренесуван и преку социјалните мрежи на МКЦ, а билетот по цена од 100 денари може да се набави на билетарницата во МКЦ.
Од МКЦ велат дека бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан и дека задолжително е седење на позицијата означена на билетот.