КОНЦЕРТОТ ЗА ТОШЕ „ЗАСЕКОГАШ ВО СРЦАТА“ ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 5 АПРИЛ, БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР ЌЕ СВИРИ И ПЕСНИ ОД „ДНК“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Седмиот традиционален концерт посветен на Тоше Проески „Засекогаш во срцата“ во Битола, кој требаше да се оджри на 22 март во Центарот за култура, е презакажан за 5 април од 20 часот, најави Камерниот оркестар на Битола (фото), кој го организира настанот заедно со Центарот за култура. Оркестарот ќе ги свири најголемите хитови на Тоше заедно со гости солисти, кои допрва ќе се објават.

„Со тага споделуваме дека овој концерт, покрај честа што ќе му ја оддадеме на Тоше, ќе биде и посвета за сите погодени од трагичниот настан во Кочани на 16 март. Во знак на солидарност и сочувство, концертот ќе вклучи и изведби на песни од ‘ДНК’. Покрај тоа, Камерниот оркестар на Битола и Центарот за култура во Битола одлучија дел од средствата да ги донираат за помош на Кочани. Билетите кои се веќе купени се валидни“, велат од Битолскиот камерен оркестар.