ЛЕНТА ОД АУДИЦИЈА НА „БИТЛС“ ОД 1962 ПРОНАЈДЕНА ВО КАНАДА

Канада, (Пипл)

Во една канадска продавница за плочи е пронајдена снимка од аудиција на „Битлс“ која би можела да потекнува од раните денови на бендот. Сопственикот на продавницата „Нептун рекордс“ во Ванкувер, Роб Фрит, го објави своето откритие на Инстаграм, споделувајќи видео од, како што верува, снимките од аудиција на „Битлс“ од 1962 година.

„Ја најдов оваа лента пред неколку години и на неа пишуваше ‘Демо на Битлс’. Сфатив дека е лента од аудиција. Кога ја слушнав првпат, звучеше како мастер снимка. Квалитетот е нереален. Како е можно да го имам ова?“, напиша Фрит, кој е сопственик на најстарата независна продавница за плочи во Ванкувер.

Видео што го сподели ги прикажува Пол Макартни, Ринго Стар, Џон Ленон и Џорџ Харисон како ја пеат песната „Пари“ (Money).

„Еве ја првата песна од демо-снимката на ‘Битлс’. Уживајте!“, напиша тој.

Според „Билборд“, снимките би можеле да бидат од јануари 1962. Фрит ги добил записите од поранешниот сопственик на „Машрум рекордс“ во Ванкувер, Џек Хершорн, кој беше продуцент во 1970-тите.

(Фото: Гети)