„М“ на Вардан Тозија освои награда за најдобра режија во интернационална конкуренција на филмскиот фестивал Фантаспоа во Бразил. Ова беше јубилејното 20. издание на фестивалот во Порто Алегре, кој е единствениот фестивал од Јужна Америка што е дел од Европската федерација на фантастични филмови „Мелиес“.
„М“ беше дел од интернационалната селекција на фестивалот, составена од 24 филмови и најавена е негова широка дистрибуција низ Јужна Америка. Филмот претходно ја доби наградата „Златно Реми“ на фестивал во Хјустон, САД.
Вториот долгометражен филм на Тозија е во продукција на „Фокус покус филмс“, поддржан е од Агенцијата за филм и е копродукција на Македонија, Хрватска, Косово и Франција.