НАСТАП НА ВРЧАК ПО 15 ГОДИНИ, ЗА НОВА ГОДИНА ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Целодневна забава за Нова година најави скопската општина Кисела вода на 31 декември пред платото на спортската сала „Расадник“. Настанот наречен „Скопска Новогодишна приказна“, започнува во 10:30 часот со настап на Балетското студио „Лебед“, а ќе продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“.
За децата, следи настап на  „Поточиња“, аниматори и Дедо Мраз, во друштво на ликот Гринч.
Вечерната програма започнува во 20 часот со настап на групата „Куку Леле“. Продолжува со  настап на Игор Џамбазов, кој е и водител на вечерта, а ќе настапи заедно со „Гуру Харе бенд“ По пауза од 15 години, настапува раперот Врчак заедно со дуото ДНК (фото). Пречекот на Новата година ќе го означи настапот на Влатко Лозаноски- Лозано.
„Со домашни музичари кои се миленици на публиката, создадовме програма која ги обединува генерациите. Ова е наш подарок не само за жителите на општината, туку за целиот град“, велат од Општината.