Мајли Сајрус најави дека на 30 мај излегува нејзиниот нов албум, кој ќе се вика „Нешто убаво“ (Something Beautiful). Ова ќе биде деветти студиски албум на поп-ѕвездата која го испеа хитот „Цвеќиња“ (Flowers).
На албумот ќе има 13 оригинални песни. Продуценти се Мајли Сајрус и Шон Еверет.
Во интервју лани, Сајрус откри дека нејзиниот претстоен албум е инспириран од албумот „Ѕидот“ (The Wall) на „Пинк Флојд“. Сајрус откри дека првично го гледала истоимениот филм кога била тинејџерка.
Поп-ѕвездата го објави последниот албум во 2023, на кој се најде големиот хит „Цвеќиња“. Оваа песна ѝ донесе две Греми награди, за песна на годината и за најдобра соло поп изведба. „Цвеќиња“ беше првата песна што достигна над 100 милиони преслушувања на „Спотифај“ за една недела.
(Фото: Гети)