ПЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА ХАРД КОР ФЕСТИВАЛОТ „ВОСТАНИЕ“ ВЕЧЕРВА ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Петтото издание на единствениот панк/хард кор фестивал во Македонија, „Востание“, ќе се одржи вечерва во Младински културен центар во Скопје, а програмата почнува во 20 часот.

Како главни ѕвезди се најавени моќните Американци „Фрст блад“ (First Blood), за кои ова ќе биде прв настап во Македонија. Хард кор бендот од Сан Франциско е формиран во 2002 година и досега има објавено три албуми.

Програмата ќе ја дополнат четири домашни групи. Вечерта ја отвора „Конспираси“, кој пред неколку месеци го издаде првиот албум, па следуваат „Шорт фјуз хироу“ и „Шок труперс“, зад кого се нов албум и европска турнеја.

Настапот на гостите од САД е најавен за 22:15 часот, а за крај е оставен „Последен удар“.