Синди Лопер ги праша фановите зошто си заминуваат откако таа го испеа хитот „Девојките само сакаат да се забавуваат“ (Girls Just Wanna Have Fun) на фестивалот „Гластонбери“ во Англија.
Американската пејачка даде изјава откако се чинеше дека е вознемирена кога фановите почнаа да си одат на нејзиниот настап на фестивалот кој одржува во близина на Пилтон, Сомерсет, во Англија.
Лопер, која планира проштална турнеја во Велика Британија следната година, имаше проблеми со микрофонот на почетокот од настапот. Додека пееше, Лопер изгледаше дека станува сè пофрустрирана поради лошиот звук.
На прашањето од Би-Би-Си дали се забавувала, пејачката рече: „Да, се забавував, мислам дека имав неколку технички потешкотии, но се забавував“.
Лопер рече дека не сака да биде премногу остра за „техничките проблеми“, бидејќи смета дека тоа не е важно во споредба со чувството за настапот на фестивалот.
Како што течеше песната, аудиото се подобри и таа повика на акција за заштита на „репродуктивните права“ на жените. „Време е светските лидери да разберат дека жените се половина од светската популација и ние заслужуваме да се однесуваат со нас подеднакво“, рече пејачката.