Утре и денеска во Скопје ќе се одржува третото издание на Скопскиот градски фестивал, конципиран според градските музички фестивали што постојат во Европа и светот.
Вечерашната програма е во Младински културен центар, каде што од 20 часот ќе настапат Мухамед Ибрахими, рок групата „Код 369“ предводена од пејачката Ирена Димовска и легендата на српската блуз сцена Ненад Златановиќ со својот бенд „Тексас флад“.
Втората вечер ќе биде џезерска, а ќе се свири во големата сала на Филхармонијата. Таму ќе настапат еден од водечките хрватски џез музичари и пијанисти Матија Дедиќ и интернационалниот квартет Хелер/Сасе/Ѓаконовски/Костадиновиќ, чиј дел е и македонскиот басист Мартин Ѓаконовски.
Билетите се по цена од 500 денари. Организатор на настанот е „Баги комуникации“.