Легендарната рок-група од поранешните ју-простори „Црвена јабука“ синоќа одржа топ концерт со старите и понови хитови во Центарот за култура во Битола.
Фронтменот Дражен Жериќ-Жера над два часа без пауза ја забавуваше публиката со незаборавните евегрини „Таму каде почнува љубовта“, „Дирлија“ и многу други песни кои беа екстра популарни во поранешна Југославија.
На концертот дојдоа љубители на музиката создадена од „Црвена јабука“, од Битола, Охрид, Прилеп, Велес и други градови низ државата. Концертот кај повозрасните присустни гости ги врати спомените за квалитетната музика со која растеа порано за разлика од дел од музичката понуда што ја имаат сегашните генерации со турбофолк.
По музичкиот спектакл, Жериќ пред да ја напушти сцената, на публиката ѝ рече: „Сакјте се, љубете се, чувајте ми ги Битола и Македонија“.
Ж. ЗДРАВКОВСКА
(Фото: С. Ставрев)