Поп-пејачот Драги Иванов ја објави својата трета песна за оваа година „Усни“, која излезе на 25 декември, на католички Божиќ.
Песната „Усни“ е напишана, испеана и продуцирана од Драги Иванов, а видеоспотот е снимен со помош од Ѓорги Вацев, кој е одговорен за снимањето и графичкиот дизајн. Иванов за песната која личи на македонските евергрини им се заблагодарува на своите пријатели.
„Особено ми е драго што за снимањето на спотот се качив на Водно со велосипед“, вели Иванов. Претходно, тој ги сними песните „Крута“ и „Спас“.