Раперот Слаткаристика најави турнеја низ Македонија со проектот „Хип-хоп еволуција“ со кој слави 15 години од излегувањето на неговиот прв албум „Слаткаристика будало“.
На 11 мај ќе настапи во „Клик“ во Штип, на 1 јуни во „Де факто“ во Гевгелија, на 15 јуни во „Спејс“ во Куманово, на 22 јуни во „Казабланка“ во Свети Николе, на 6 јули во „Аватар“ во Струмица, а на 13 јули ќе одржи концерт во Аква паркот во Пробиштип. Турнејата продолжува на 20 јули со концерт во Битола на Ракометното игралиште, следи Дојран на 27 јули („Романтик“), а на 2 август, Слаткар ќе настапи во „Хангар“ во Охрид.
Турнејата следи откако хип-хоп музичарот распродаде три концерти во Скопје во март.
Во подкастот на САКАМДАКАЖАМ.МК, „За секого по нешто“, Слаткаристика кажа дека не сака да се фали со полна сала за концерт ако билетите не ги продал, туку ги поделил гратис.