СЛАТКАРИСТИКА ЗАКАЖА И ТРЕТ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ, ОТКАКО ГО РАСПРОДАДЕ ВТОРИОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Марко Маринковиќ-Слаткаристика закажа и трет концерт во Скопје, на 29 март од 21 часот во „Евент центар“, откако се распродаде вториот кој ќе се одржи на 22 март.

Со концертот, раперот слави 15 години од неговиот прв самостоен албум „Слаткаристика будало“ од 2009, по чија промоција го одржа првиот концерт и го наполни Скопски саем. Тогашниот концерт се викаше „Хип-хоп револуција“ а сегашните „Хип-хоп еволуција“.

„Жал ми е дека го нема веќе Скопски саем, зашто ни е убиена самата култура, првиот печат на нашето образование.  Првпат не сум бил на Саем за да гледам концерт, туку да се вртам на вртелешките и да јадам шеќерна волна“, рече Слаткаристика во подкастот на Сакам да кажам, „За секого по нешто“.